АктуелноОхрид

Кривична пријава за лице од кичевското село Стрелци, предизвикал вербална расправија па извадил и нож

ОВР Струга поднесе кривична пријава против (36) годишно лице од кичевското село Стрелци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој, на 15.06.2025 година, на улицата „Партизанска“ во Струга, предизвикал вербална расправија со лице од Струга по што, на А.В. кој сакал да ја смири расправијата, му извадил нож и му упатил закани.