АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Автобус и автомобил се судрија на „Петнаести Корпус“

На улицата „Петнаести Корпус“ предмалку се судрија автомобил и автобус. Според прввите неофицијални информации нема настрадани и причинета е одредена материјална штета. Инаку граѓаните од речиси сите улици низ Охрид јавно преку социјалните мрежи бараат поставување успорувачи на брзина ( т.н. легнати полицајци ) како тие кои се поставени на крстосницата кај О.У. Христо Узунов. Ваквите барања јавно се постираат посебно од како едно лице загина на тротоар по удар на возило кое излета од коловозот на кружниот тек кај Гимназија на Булевар Туристичка, синоќешното излетување на возило на тротоар кај кружниот тек кај Скај Корнер на Булевар Туристичка и серијалот сообраќајни несреќи кои ги има во медиумите секој ден.