АктуелноОхрид

Горазд Јованоски првенец на генерација на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Најдобар од најдобрите❗
🔻 Првенец на генерацијата 2025 година е Горазд Јованоски од електротехничката струка во профилот Електротехничар за компјутерска техника и автоматика.
Син на Сања и Сашо Јованоски од Охрид, роден на 20.01.2006 година. 🔻 Своето образование го започнал во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, каде добил диплома за континуиран одличен успех. Љубовта кон математиката и логичкото размислување ја изразувал уште од најрана возраст преку училишни и „Brainobrain“ натпревари, каде освојувал бројни награди.
🔻 Во текот на средното образование Горазд постојано го докажуваше приматот на вреден ученик, кој сите четири години ги заврши со континуиран одличен успех и примерно поведение. Се истакнуваше во областа на мехатрониката, информатиката како и со својата скромност, трудољубивост и подготвеност да помогне на секого.
Негови позначајни успеси се:
✅ Прво место на меѓународниот натпревар „Balkan Junior 2025“ во Истанбул, Турција – тимски успех во конкуренција на 7 балкански држави🏆
✅ Прво место на училишниот натпревар по и информатика и програмирање за средни училишта💻
✅ Финалист во „ultiMATH Mathematics Competition“ организиран од BrainsterNEXT, каде беше меѓу најдобрите 50 ученици од целата држава и доби стипендија за ИТ-факултетот BRAINSTERNEXT.🎓
🔻 Важна улога во неговиот живот преставуваат дружењето со врсниците и спортот. Со училишната одбојкарска екипа го освои првото место на општинскиот натпревар.
🔻 Во нашето училиште се стекна со високи предиспозиции кои ќе му овозможат сигурно и посветено да го продолжи своето академско образование на еден од техничките факултети.
🔻Од срце му честитаме и му посакуваме уште поголеми достигнувања на неговиот пат во иднината!