АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Охридското Езеро е нашето најголемо природно богатство, вистински бисер впишан на светската мапа на природно и културно наследство

Охридското Езеро е нашето најголемо природно богатство, вистински бисер впишан на светската мапа на природно и културно наследство.
Охридското Езеро е извор на живот, убавина и инспирација, дом на ретки и уникатни видови што ги нема на друго место во светот. Неговите бранови раскажуваат приказни за историјата, а неговите длабочини кријат скапоцени тајни.
Уживањето во неговите уникатни убавини, носи и голема обврска, да го чуваме и штитиме езерото од сите закани. Тоа е наша заедничка должност, кон природата, кон нас самите и кон новите генерации кои доаѓаат.
Нека е честит 21-ви Јуни – Денот на Охридското Езеро! Нека биде вечно синилото на езерската вода и бескрајно нека блеска сончевиот отсјај од езерската шир.