АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Денес празнична вечерна Богослужба во манастирот Св. Еразмо Охридски

Ве известуваме дека за време на претстојниот празник на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец, ќе има богослужба во манастирот посветен на овој наш голем светител, и тоа:
1. На 14 јуни 2025 година во 19:00 часот ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба.
2. На 15 јуни 2025 година во 07:45 часот ќе започне Утрената богослужба.
3. Пречекот на Митрополитот Европски г. Пимен ќе биде потоа во 09:00 часот. Светата архиерејска Литургија ќе започне во 09:15 часот.
Денес и утре (14-ти и 15-ти јуни) да се обратиме со искрена вера кон св. Еразмо, тој да нѐ осветли и просветли, па и ние да го следиме Словото Божјо, со љубов и достоинство еден кон друг, а преку тоа да посведочиме дека сме Христови следбеници, не само со збор, туку и со дела!
По молитвите на св. Еразмо, така нека биде. АМИН