Овојпат со Др. Марија Мојсоска Апостолова разговараме на тема естетски интервенции, нешто што е најбарано можеби и актуелно во овој период, пред почетокот на летната сезона кога сите сакаме да изгледаме поубаво и помладо.
Др. Мојсоска Апостолова појаснува и дава детален опис на постапката за ставање популарно наречен ботокс, како и филери кои се доста актуелни, како и тоа зошто е важно надлежно лице да ја прави ваквата постапка. Кој се претходните подготовки за овие интервенции, која е возраста адекватна за почеток на нивно аплицирање како и други прашања поврзани со оваа тема.