АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Охриѓанецот Климент Ристески со концерт на млади оперски пејачи во Битола

Вчера во просториите на Офицерскиот дом во Битола се одржа концерт со млади оперски пејачи во Битола. Свој настап имаше и охриѓанецот Климент Ристески, каде настапи заедно со Илијана Серафимова (сопран) , двајцата ученици од класата по соло пеење на проф.м-р Маја Митровска. Музички соработник на концертот е проф.м-р Анастасија Гичевска.

На програмата ќе се изведат дела од реномирани композитори како Вивалди, Перголези, Моцарт, Чајковски, Рахманинов, Бизе, Доницети и други.

Илијана Серафимова, родена во Битола, е млада уметничка со богато музичко искуство и бројни награди од домашни и меѓународни натпревари.

Климент Ристески, роден во Охрид, исто така е добитник на престижни награди за соло пеење и настапи на значајни фестивали во земјата и странство.

Концертот бешее одлична можност да се слушнат  овие извонредни млади таленти во живо и да им се даде поддршка на нивниот пат кон големите музички сцени.

 

 

babambitola.mk