Денешниов ден е ден на радоста, младоста и убавината. Кога Светот во мало доаѓа кај нас. Танцот на нашите деца кои на музика од Штраус го играат познатиот Квадрил е всушност симболичен крај на детството и безгрижните денови од една и почеток на младоста која нуди многу интересни можности од друга страна.
Во оваа прилика сакам да Ви порачам: „Вие сте оската на една топка. На која страна ќе се свртите , дали на светлата или мрачна зависи само од вас самите и од никој друг. Всушност на тој начин се одредува колку домашното воспитување, култура и знаење кои несебично ви ги дарувале родителите и професорите допреле до вас.
Сонувајте со отворени очи, мечтаете по убави нешта и никогаш не скршнувајте од вистинскиот пат. Бидете добри луѓе со добра мисла и желба да направите добри дела за себе и за луѓето околу вас. Само така ќе бидете задоволни од себе и ќе градите здраво Општество со здрави навики. Многу брзо ќе дојде време кога вие ќе застанете од оваа страна, можеби, некој од Вас ќе биде градоначалник, Претседател на државава, дипломат во странство. Но пред се бидете луѓе, добри луѓе кои му се потребни на овој Свет.“
Танцувајте и радувајте се на животот што е пред вас, деца наши. Среќно