Уште едно ветување реализирано. Денес, започнаа градежните активности за асфалтирање на крак 1 во Долно Лакочереј.
Кракот е со должина од 648 метри, а со просечна широчина од 3,5 метри. Овој проект се реализира преку финансиските средства преку Владата на Република Македонија со аплицирање од страна на Општина Охрид на повикот за реализација на инфраструктурни проекти, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.