АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Прво место за ученикот Наум Смилевски од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“ во категорија автоматика и роботика

Во организација на ”Народна техника на Македонија” на 17.5.2025 г. во ОСТУ ,,Наце Буѓони” – Куманово се одржа 61. државен натпревар на млади истражувачи од Македонија. Ученикот од I-4 Наум Смилевски од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” во категоријата aвтоматика и роботика освои I место. Самостојно изработи производен процес со подвижна основа и CNC машина за пишување и механизам за машинско сечење на цртаниот дел. Дел од употребените елементи и делови се од хардверски делови од компјутери и печатачи.