АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Т.Ц. Амам со години тоне во нехигиена, непријатни мириси и мрак

Заглавен во расправиите кои меѓусебно ги имаат сопствениците на локалите, Т.Ц. АМАМ кој е лоциран во најстрогиот центар на Охрид тоне во ѓубре и непријатни мириси, нечист и избегнуван од граѓаните на Охрид кои со децении знаат во каква ситуација е објектот, но посетуван од туристите кои се чудат што гледаат. Т.Ц. Амам е приватен имот и не е јавна површина, па не е во надлежност на службите за јавна хигиена, но сопствениците на дуќаните изгледа со децении или не можат меѓусебе да се договорат или едноставно сметаат дека не треба да се чисти нивниот приватен имот, па овој објект е претворен во ова што го гледате на фотографиите испратени од граѓани на Охрид.