На ден 9,05,2025 со учество на поголем број пензионери кои живеат во месни ограноци на подрачјето на Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца спроведоа масовна еколошка акција согласно годишната програма на сојузот на здруженијата на Македонија и на нашето здружение за 2025г со која оваа година е прогласена за година за поголема грижа и заштита на животната средина.
Во еколошката акција пензионерите самостојно собраа поголема количина расфрлана хартија, празни разни кутии и пакувања од цигари и други производи, најлонски кеси, пластични шишиња и друга пластика, ѓубре и смет кои ги ставија и складираа во соодветни садови- контејнери и канти за собирање на разен смет и ѓубре кои се поставени во нивните месни ограноци.
Исто така во домот на пензионерите во Охрид се изврши чистење и средување на просторите и дворот.
Ваквите еколошки акции пензионерите од ЗП Охрид и Дебрца ќе ги продолжат и во текот на 2025г со што ќе се даде допринос за поголема грижа и заштита на животната средина.
ЗП Охрид и Дебарца Охрид