На 8-ми мај 1828 роден е големиот хуманист Анри Динан, основополжник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а седмицата од 8-15 мај како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина и под мотото „НА СТРАНАТА НА ХУМАНОСТА“ организира бројни активности со цел подигање на свеста за значењео на основните принципи, мисијата и визијата на организацијата и воедно изразување на почит, признание и благодарност на волонтерите, партнерите и поддржувачите за нивната несебична поддршка.
– 7 мај 2025 (среда) 10:00 ч. Крводарителска акција ФТУ
– 8 мај 2025 (четврток) 12:00 ч. Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан
(седиште на Црвен крст Охрид)
– 12 мај 2025 (понеделник) 09:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН-прием во седиштето на Црвен крст
Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид и Дебрца, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст
– 8 – 15 мај 2025 Хуманитарни активности со наши сограѓани
истакнувајќи нивни дела на хуманост кои можат да донесат значајни промени во животот на луѓето и во заедницата
– 8 – 15 мај 2025 Работилници за дисеминација-ширење на знаењата за
Црвениот крст за различни целни групи