Uncategorized

Додека В.А. крадел – редовно блокирал сметки на граѓани

СВР Охрид вчера соопшти дека е поднесена кривична пријава против В.А. за проневера направена во периодот од 2022 година до август 2024 година,   со која во неговиот џеб завршиле 2.881.757 денари. По објавата на оваа вест социјалните мрежи се преплавени со коментари и постови во кои граѓани , сосема јавно, од реални профили кажуваат на нивни искуства со овој директор, кој ревносно блокирал сметки и за најмали износи и давал граѓани на извршители и суд.  Според нив овој период е рекорден по бројот на поднесени барања за блокирање сметки на граѓани и фрими, па граѓаните укажуваат дека треба да се испита и поврзаноста на овој диркетор, со одредени адвокати и извршители за да се види дали и во тој дел има одредена коруптивна спрега.

Заради големиот револт и гнев кој е видлив во терминологијата и изразите, како и заради можност за откривање на идентитетот на В.А., пренесуваме само мал дел од коментарите на граѓаните објавени јавно на социјаните мрежи: