АктуелноОхрид

Контроли на СВР Охрид – затекнати возачи под дејство на алкохол

На 03/04.05.2025 година од 22 до 04 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, на повеќе локации во градот извршија сообраќајни контроли. Притоа, контролирани се 52 возачи на моторни возила а четири возачи се затекнати при управување со автомобилот под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.