АктуелноОхрид

Приведен Кавадарчанец – во Основниот суд во Охрид кој бил агресивен кон судската полиција по што и физички ги нападнал

На 02.05.2025 година во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода лишија (65) годишен маж од Кавадарци. Тој, во службени простории на Основниот суд во Охрид, бил агресивен кон припадници на судската полиција по што и физички ги нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.