АктуелноОхрид

Приведен 23 годишник од Скопје кај него полицијата пронашла и одзела опаковка со бела прашкаста материја

На 02.05.2025 година во 23.40 часот, пред угостителски објект во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција, од слобода лишија (23) годишник од Скопје. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја која се обидел да ја внесе во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.