АктуелноОхрид

Акција за подигнување кабаст и зелен отпад У.З.1 Стар Град -понеделник (05.05.2025 год)

Од 05.05.2025 год.(понеделник), започнуваме со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид
📢Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.05.2025 год.(понеделник) ќе организира акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град
📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот
‼️Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад