АктуелноОхрид

Почна сезоната на инциденти со мотори – малолетник тешко повредил две лица на Кеј Македонија

На 18.04.2025 во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.