На 18-ти април 2025 година, околу 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Езеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено до Градското пристаниште, каде била повикана екипа на Итната медицинска помош.
– Од преземените мерки, констатирано е дека се работи за 24-годишно лице од Германија кое, по скок во езерските води, се здобил со повреди, информираат од СВР Охрид.
