АктуелноОхрид

За чист Охрид и здрава еколошка средина која сите ја заслужуваме

Изминатите денови, пред големиот верски празник Велигден, ангажирана беше целокупната расположлива механизација и човечки ресурси на Ј.П.Охридски Комуналец, во расчистување на диви депонии во Охрид и приградските населби
👉Мапирани беа 9 поголеми диви депонии и 14 помали, повторно создадени од несовесни граѓани, кои со својот деградирачки однос кон природата, оставаат негативен импакт кон сите нас кои живееме во Охрид и кон сите туристи кои не заслужуваат да ги гледаат овие слики
👉Во поширокото подрачје на Охрид, Свети Стефан, Лагадин, Пештани, Љубаништа па се’ до Свети Наум, се расчистени голем број диви депонии од каде се подигнати 102м3 отпад (кабаст, зелен, градежен шут и др.)
👉Во расчистување на дивите депонии во с. Љубаништа се вклучија и екипи на National Park Galicica