На 16.04.2025 во 18.30 часот во СВР Охрид, (47) годишен жител од скопското село Паничари пријави дека во охридската населба Рача, додека изведувал работи со работна машина, физички бил нападнат од (46) годишен жител од Охрид. Претходно, во СВР Охрид и охриѓанецот поднесе пријава против лицето од Паничари за кривично дело „узурпација на недвижности” по член 225 став 1 од Кривичниот законик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
