НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА НА ЧЕТВРТОТО ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ “5РЕ” ЈА ДОБИВА АКТЕРКАТА МАРИЈА НОВАК ЗА ПРЕТСТАВАТА “СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА” ОД НАРОДЕН ТЕАТАР ОХРИД, ВО РЕЖИЈА НА КОЛЕ АНГЕЛОВСКИ.
Народен Театар Охрид се враќа со уште една награда, овојпат од фестивалот 5РЕ во Велес.
Со голема радост ја објавуваме добитничката на НАГРАДАТА ЗА НАЈДОБРА СПОРЕДНА ЖЕНСКА УЛОГА на четвртото издание на Театарскиот фестивал “5РЕ” – актерката МАРИЈА НОВАК!
Во урнебесната комедија „СЕКС, ЛАГИ И ЉУБОМОРА“ на Народен Театар Охрид, Марија ја обликуваше својата улога со толку природност, харизма и прецизност, што нејзиното присуство на сцената не можеше да остане незабележано.
Со вештина што извира од љубовта кон театарот, таа ѝ подари на публиката моменти полни со емоција и смеа – и уште еднаш потврди дека секоја улога, без разлика на нејзината големина, може да остави траен впечаток.
Наградата за најдобра споредна женска улога ја донесе жирито во состав: Александар Георгиев, Александар Ивановски и Миле Вратеовски.
Честитки, Марија! Твојот лик ќе остане во меморијата на фестивалот како доказ дека сјајот на сцената не познава граници!