АктуелноОхрид

Николоски договара отворање на најмалку два лета со „Ер Арабија“, еден ќе биде кон Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој е во посета на Обединетите Арапски Емирати, објави дека се договараат летови со Ер Арабија.

Николоски вели дека туризмот, инфраструктурата и образованието се секторите на соработка на кои се фокусираат.

Имаме бројни средби, ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со „Флај Дубаи“ за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со „Ер Арабија“ за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот, изјави Николоски.