АктуелноОхрид

(ФОТО) ЈП „Водовод“ започна со втората фаза , поставување на новиот цевковод со новата препумпна станица „Шипокно“

ЈП ВОДОВОД Охрид како дел од тековните активности, започна со втората фаза, поставување и поврзување на новиот цевковод со новата препумпна станица ШИПОКНО. Претходно во првата фаза во населбата Св.стефан-Шипокно, поставен е нов цевковод со профил ф110 мм во должина од 621м.
Со цел да се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, поставени се и поврзани пумпи MZT 5, MSSI 40-4 и електромашинска опрема, за што беше направена и комплетно целосна инсталација за поврзување на пумпите со новиот цевковод.
Средствата за овој зафат во вредност од 468.360 денари, се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.