АктуелноОхрид

Поради дефект на водоводната мрежа на ул.”Стив Наумов” без вода повеќе улици

Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата “Стив Наумов” , денес од 11:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Стив Наумов“, „Дејан Војвода“, „Јабланица“, „Железничка“, „Крали Марко“ ,„Абас Емин“ и дел од „Бул.Туристичка“.
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен , до целосно завршување со санацијата.