„ОХРИД ЗА КОЧАНИ“
Во петокот, на 4 април, во INclusive Disco се одржа хуманитарен настан посветен на поддршка за настраданите од неодамнешната трагедија во Кочани.
Благодарност до сите гости кои со својата солидарност и присуство придонесоа овој настан да добие вистинско значење.
Благодарност до Ѓоко Танески, Камелеон Бенд, Владо Броз и DJ Marama за нивниот несебичен настап без хонорар и поддршка.
Благодарност и до Дисконт Рај Охрид, Скопска пивара, како и до вработените на INclusive Disco, кои финансиски придонесоа и помогнаа оваа хумана иницијатива да се реализира.
Кочани издржи – Македонија издржи!
