Синоќа голем број верници ја посетија црквата Свето Балговештение во населбата Рача, а беа дел и Светата Литургија која се отслужи од страна на Отец Марко. Беа отпеани и принесените лебови и пченица а се крсти и вода.
Според кажувањата на мештаните водата во оваа црква има симболичен карактер и се верува дека протекува ноќта на Благоец и има чудотворно дејство.
Како што истакна Отец Марко по богослужбата овој голем празник е стожер во низата христијански празнувања каде се одбележува соопштувањето на Светиот Гаврил кон Дева Марија дека е благословена од Бога и во својата утроба го носи Богомладенецот и Спасителот на светот.
