АктуелноОхрид

Во недела во манастирот Рождество на Пресвета Богородица -Калишта Света архиерејска литургија ќе отслужи Митрополитот пакрачко-славонски, господин Јован

Во четвртата недела од великиот пост посветена на св. Јован Лествичник (30.03.2025), во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица – Калишта“, со благослов на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, Света архиерејска литургија ќе отслужи Неговото високопреосвештенство Митрополитот пакрачко-славонски, господин Јован (Чулибрк). Владиката според многу нешта е ретка и исклучителна личност. Без претерување еден од најугледните духовници денес и омилен владика меѓу младите. Покрај тоа што владиката Јован е пожртвуван пастир на Црквата Христова и од пеплишта ја подига една од најстрадалните и најсветите митрополии на СПЦ, тој е исто така и еден од светски признатите познавачи на холокаустот, минуциозен познавач на современата уметност и култура, падобранец, подофицир и т.н. Кој е во можност нека повели во недела во манастир