Туристи од Турција го откриваат раскошот на Охрид
Се зголемува бројот на туристи од Турција кои го избираат Охрид како своја омилена дестинација за одмор и истражување. Историските знаменитости, прекрасното Охридско Езеро и богатиот културен живот привлекуваат сè повеќе посетители од оваа земја.
Turkish Airlines на својата Фејсбук страна непосредно пред првиот лет од Истанбул за Охрид кој е закажан за 27 март ( четврток ) започна со видео реклмирање на Охрид како дестинација. Кампањата е насловена „24 часа во Охрид“ го претставува градот како бисер на македонскиот туризам и се прикажуваат природни убавини , традиции и културно наследство.
Туристичките агенции бележат значителен пораст на резервациите од Турција, особено во пролетните и летните месеци. Според локалните угостители, турските гости најмногу се интересираат за посета на Самоиловата тврдина, манастирот „Свети Наум“, како и за крстарења низ езерото.
Градските власти најавуваат дополнителни промотивни активности со цел да привлечат уште повеќе туристи од Турција. Во наредниот период, планирани се културни настани и гастрономски фестивали, каде што ќе се претстават традиционалните македонски и турски специјалитети.
Со богатата историја и природните убавини, Охрид останува една од најпосакуваните дестинации за странските посетители, а турските туристи стануваат значаен дел од туристичката слика на градот.
