Учениците и вработените во Центарот денеска испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани.
Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ќебиња, јоргани, перници, пижами и пешкири за потребите на центрите каде што се згрижени пациентите.
Се надеваме дека барем малку ќе им помогнеме на настраданите и им посакуваме што побрзо закрепнување.
