Ниското ниво на вода во Охридско Езеро го остави струшкото пливалиште без вода. Платформите кои стојат во овој своевиден пливачки базен кој се полни со вода од Охридско Езеро, заради нискиот водостој стојат на суво , а во просторот се шири непријатна миризба од подводниот растителен свет кој сега гние во плитката вода или на суво.
И додека нивото на езерото варира околу предвидениот дозволен минимум, испустот на Црн Дрим денес во Струга изгледаше вака ( погледни фотографија )
