АктуелноВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

Теа Донева продолжува да нижи успеси во борење

Теа Донева освои трето место на републичкиот турнир во борење на кој учествуваа училиштата од  цела Македонија. Донева го претставуваше своето училиште О.У. Христо Узунов и се пласира трета на рапубличко ниво.

Теа Донева тренира во Б.К. Аждер Охрид , а нејзин тренер е Илија Спасески. Борењето како спорт во Охрид постои околу две години и за тој краток период оствари запазени резултати на републичката спортска сцена. Клубот „Аждер“ наскоро се сели во нови простории каде ќе има одлични услови за работа и ќе биде во една целина со новиот фитнес центар „Фит Бокс“ .