ТППЕ Охрид – Пожарна , во текот на денешниот ден со свои екипи го гасне шумскиот пожар, кај селата Оздолени-Сошани, во Општина Дебрца.
Тппе Охрид , бара по итно да се пронајдат сторителите на овие намерни потпалувања, и согласно закон да се санкционираат ! @СврОхрид!
Вие како несовесни и неодговорни жители, треба да имате предвид дека со самите пожари кој ги предизвикувате ги намалувате капацитетите на Тппе Охрид , со оглед на тоа што пожарникарите се активни и гаснат пожари во урбана средина и извлекуваат и ваши членови од фамилијата од опожарени живеалишта и од сообраќајни незгоди!
Тппе Охрид ги прашува надлежните Министерство за одбрана / Defence MKD @зелс НСПМ – Независен синдикат на пожарникарите на Македонија Дирекција за заштита и спасување -… До каде се долго најавуваните измени на Законот за пожарникарство ? Зарем уште треба оваа високо ризична професија да ја работат 60 годишни пожарникари ?