Денешната Недела на Православието претставува и јубилеј од 5 години од кога е основата Православната младина на Вранишката парохија.
-Денес, во нашиот парохиски храм, се отслужи Света Божествена Литургија, на која верниот народ молитвено учествуваше и се причести со Светите Христови Тајни. По завршувањето на Литургијата, свештеникот со верните изврши свечена литија во чест на славната победа на Православието и на иконољубителите.
Воедно, денес ја прославивме 5-годишнината од основањето на Православната младина на Вранишката парохија, форирана со благослов на † митрополит г. Тимотеј. Денес, оваа заедница брои над 50 активни деца, кои заедно се воцрковуваат, посетуваат часови по веронаука и се учесници во разни теолошко- едукативни настани.
По повод овој значаен јубилеј, од парохискиот свештеник на дечињата им беше поделена книга, подарена од Дебарско-кичевската епархија, соодветна на нивната возраст, за да ја разбираат и да растат во верата Христова.
Ги повикуваме сите родители да ги донесат своите деца и да ги воведат во прегратките на Црквата Христова. Секој е добредојден!
-истакнуваат од парохијата.
