АктуелноОхрид

Приведени Охридѓани на Кеј „Македонија“ кои управувале патничко возило под дејство на алкохол

На 22.02.2025 година во 03.10 часот, пред угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се (58) и (50), годишни Охриѓани кои, биле агресивни кон полициските службеници кои, тука преземале мерки од областа на безбедноста. При контролата, полициските службеници констатирале дека Љ.С. управувал патничко возило „Мерцедес“ под дејство на алкохол поради што, веднаш е исклучен од сообраќај.