На 22.02.2025 година во 01.23 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е (40) годишен жител од Ресен. Тој се сомничи дека е сторител на кривичното дело ,,Безобsирно управување моторно возило“, евидентирано од полициските службеници кои тука преземале мерки од областа на безбедноста во сообраќајот и притоа, констатирале дека тој, управувал патнички автомобил „Фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.
