АктуелноОхрид

Грант од милион евра на шпанската влада за Охридското езеро

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити одржа работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, Рафаел Соријано Ортиз.

Меџити го информирал амбасадорот Ортиз за приоритетите на Владата и министерството за животна средина, а разговарале за можностите за забрзување на процесот на интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

– Нашите две пријателски земји имаат 30 години дипломатски односи, засновани на мултилатерална соработка и меѓусебно почитување, додека Шпанија спроведува европска политика која како суштинска компонента го има проширувањето на европското семејство со цел создавање заеднички простор на правила и вредности што ќе ја осигураат благосостојбата на нашите граѓани, информираат од министерството за животна средина и просторно планирање. (Крај)

ohridpress.com.mk