Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски коментираше за автопатот од Требеништа до Ќафасан, каде што таму има рестрикции од страна на УНЕСКО, односно УНЕСКО не дозволува автопат на заштитено подрачје.
Затоа тој и експерти ќе отпатуваат во Париз на средба со УНЕСКО во март за да се најде решение.
Тој автопат е дел од договорот кој го имаме со Бехтел и Енка, односно една е делницата од требеништа до Ќафасан. Треба да се донесе стратешка одлука околу таа делница. Јас верувам дека до крајот на идната година ќе имаме целосен функционален автопат од Кичево до Охрид. Таа делница има само седум километри. Второто прашање е заштитата на целиот регион, и посветуваме многу внимание и имаме стриктни забрани да развиваме автопат и железница на заштитениот дел од Охридското езеро. Очекувам во месец март заедно со министерот за култура и заедно со експерти во областа да ги отвориме овие прашања. Многу е значен статусот кој го има градот Охрид и Охридсксото Езеро, и нема да ги одиме против пепораките, и ќе се прилагодиме на нивните барања. Дали ќе ја менува трасата посеверно, или ќе значи целосно нова траса, или отсечка од Подмоље до Струга, но имаме уникатна состојба, и само тука не би сакал да се врзувам за рокови, туку за заштита на ова кое го имаме и ќе се обидеме да направиме најдобар баланс. Меѓу заштитата и развој на инстрактурата“, рече Николоски.
Ова е прв пат еден владин фунцкионер да најави дека ќе разговара со првите луѓе на УНЕСКО во Париз за суштинска тема која е од директен интерес на граѓаните и бизнисот во Охрид и овој дел на Македонија. Претходно гарнитурите на власт во Скопје разговараа само со невалдините организации кои го доведоа Охрид до целосна блокада и парализа во инфраструктурниот развој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ :
-
- Во Истанбул двата дворци на Османлиската династија се полни кафетерии, поплочени се со модерни плочки , над резервоарите за вода од Византија поставен е бетон за пешачки патеки за туристите, а амамот на Хурем Султан целосно е претворен во кафетерија и ресторан. За приликите со УНЕСКО во Истанбул погледнете го видеото подолу:</l
- Во Котор кој исто така е заштитен од УНЕСКО се направи жичница до планината Ловќен, градот е полн со клима уреди, кафетерии има на секој чекор, а пристаништето кое го изградиле е со пречник поголем од стариот град за во него да впловуваат крузери кои по димензии се поголеми од стариот град Котор. Погледнете во видеото:
-
- Пераст е мал град во Бока Которска и е заштитен од УНЕСКО. Тој е вкоренет во историјата на „Венецијанската република“ и од Пераст потекнуваат 12 аристократски фамислии чии потомци владееле со Европа до Прва Светска Војна. Во Пераст на куќите има сателитски антени. клима уреди, поткровја, сончеви колектори, а поставен е и асфалт на старата градска улица која денес е сообраќајница. Погледнете како е во Пераст на видеото подолу:
- А како е во Поградец каде езерото исто така е под заштита на УНЕСКО погледнете во ова видео:<
