Наш ИзборНаш изборОхрид

Охридската пастрмка „под опсада“ меѓу концесиите за улов и борбата за опстанок

Државен амин за риболов во Охридското езеро и покрај препораките од УНЕСКО за забрана. Риболовците и екологистите се противат на доделувањето концесии за стопански риболов, тврдејќи дека фондот на пастрмката и белвицата во езерото е значително намален. Меѓу потенцијалните концесионери се и новоотворени компании во тек на огласот, но и фирма чиј сопственичка била донатор на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2024 година.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги избра најповолните понудувачи на огласот со кој на приватни компании регистрирани во областа на рибарството ќе им овозможи да стопанисуваат со рибниот фонд во Охридското езеро.

Стопанскиот или комерцијален риболов е законски дефиниран како улов на риби со цел стекнување на економска добивка на фирмите концесионери.

Министерството бараше седум, но одлука падна за шест концесионери за стопански риболов на Охридското езеро. Договорите со компаниите се уште не се правосилни, односно не се склучени. Постапката е поништена само за една риболовна зона. Две од овие компании биле формирани додека траел огласот.

 

slobodnaevropa.mk