Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 18 часот и 15 минути на магистралниот пат Охрид – Струга кај селото Мислешево.
Според тоа што може да се види на лице место, едно возило е излетано од патот, додека другото кое учествувало во сударот е на коловозот. Сообраќајот привремено е во прекин. Според првите неофицијални информации нема настрадани.
