АктуелноОхрид

Опожарена трска пред хотел на струшкото крајбрежје

На 08.02.205 во 14.40 часот во ОВР Струга е пријавено дека пред хотел на струшкото крајбрежје на Охридското езеро настанал пожар на трска, која е заштитена со закон. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга. Увид бил извршен и се работи на расчистување на настанот.

фото: Архива