На 08.02.2025 во 20.35 часот на булевар „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода (48) годишно лице од Охрид. При извршена контрола, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај констатирале дека, управувал моторно возило под дејство на алкохол. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена пријава по член 297 од Кривичниот законик.
