На 07.02.2025 во 09.15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на градежна површина со објект во изградба на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, насилно било извршено отстранување на службен знак и службена лента, претходно поставени од овластен градежен инспектор при општина Кичево и било затворено градилиштето. Имено, при инспекциски надзор, извршен на 06.02.2025, овластениот општински градежен инспектор утврдил неправилности во текот на градењето и градење спротивно на издадените одобренија за градба за што изготвил службен записник и бил поставен службен знак и службена лента со кој било затворено градилиштето. По целосно расветлување на настанот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „симнување и оштетување на службен печат или знак“ по член.389 од Кривичниот законик.
