АктуелноОхрид

Пријави за две лица кои продавале на тезги во Градскиот пазар – кај нив биле затекнати ножеви, метални боксирачи, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок…

На 07.02.2025 на подрачјето на Охрид, тимови од полициски службеници од СВР Охрид и службеници од Државниот пазарен инспекторат извршија заеднички контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги во градскиот пазар, затекнати се (63) Годишно лице од  Охрид и (47) годишно лице од Крива Паланка, како за продажба изложиле ножеви, метални боксирачи, телескопски палки, лисици за врзување, клешти, метални палки, ножеви на преклоп, електро шок направи, разни спрејови и други предмети. Предметите се одземени и против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.