Охриѓанката Марија Шиникоска, мајка на четири малолетни деца кои ги издржува со една плата, апелира до хуманите сограѓани за помош да може да обезбеди услови за лечење на нејзиниот 6 годишен син Виктор.
– Потребни се 12.000 денари. Немам ни за патни трошоци. Ги молам сите хумани луѓе да ни подадат рака и да им помогнат на мојот син и ќерка, вели Марија, која додава дека со нарушено здравје е и нејзината 10-годишна ќерка Светлана, која има детска парализа G80.8 и чести напади. Таа веќе била на детското одделение во Струга и во вторник треба да се на детското одделение на неврологија во Скопје.
Таа преку допис до OhridPress апелира до сите хумани граѓани кои се во можност да и’ помогнат. Можат да ја контактираат на телефоните 076/355-828 и 076/605-116. Нејзината сметка е: Марија Шиникоска, НЛБ Банка, сметка: 210501768421405.
ohridpress.com.mk
