АктуелноОхрид

ГРК Охрид избран за спортски клуб

На свеченост што се одржа вечерва во големата сала на локалната самоуправа, Општина Охрид ги прогласи најдобрите од спортот во Охрид во 2024 година.
За спортски клуб избран е ГРК Охрид, а бекот на „гладијаторите“ Рудолф Шафранко доби признание за најдобар спортист кој не е од Охрид а настапува за клуб од Охрид. Тренерот на младите категории во ГРК Охрид Александра Џамтоска, пак, беше прогласена за тренер на годината.