Во текот на јануари оваа година, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, самостојно, но и во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие, извршија повеќе контролни патролни активности за заштита на државната граница и по Законот за рибарство и аква култура и Законот за внатрешна пловидба. Притоа, откриени се 18 прекршоци и 15 прекршители кои се затекнати како вршат незаконски риболов, пронајдени се и подигнати вкупно 116 рибарски мрежи со различна големина на окца и со вкупна должина од 6120 метри и улов од 293 парчиња различна риба со вкупна тежина од 51,4 килограми.
При преземените мерки, констатирани се 14 прекршоци по Законот за внатрешна пловидба за што се поднесени и соодветни пријави. Во истиот период, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ извршиле шест контроли на рибарите кои беа ангажирани за вештачкиот мрест, а спроведоа и шест патролни дејности со физичко присуство на научно- истражувачкиот брод од Јавната национална установа „Хидробилошки завод “- Охрид.
