СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (63)г и лице на (52)г, двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба на семејна куќа.
Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.
