АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана од лице во Кичево

На 31.01.2025 во 13.20 часот во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода лице на (47) г. од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Кичево, пронајдоа и одзедоа марихуана, семки од канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.